СДСМ демантира информации кои не се објавени

 

СДСМ демантира информации кои воопшто не се објавени. Press24 денеска објави информација добиена од виоски функционери во партијата дека вчера се случил инцидент во кочанско Грдовци во штабот на опозициската партија. СДСМ ја демантираше оваа информација дополнително, филувајќи ја со веќе видените фрази насочени кон медиумите кои не известуваат по нивна желба. Иако демантот на СДСМ содржи низа квалификации и клевети, поради почитување на новинарските принципи го објавуваме во целост

„СДСМ целосно ги отфрла шпекулациите и дезинформациите објавени на дел од провладините медиуми за наводен инцидент во кочанско Грдовци.

Ова е уште една лага на ВМРО ДПМНЕ кажана преку медиумите под нивна контрола. Кандидатот за пратеник од Кочани кој според нив наводно учествувал во инцидентот, воопшто и не бил присутен на местото кое медиумите го спомнуваат.

 

Ова е уште еден начин преку кој се покажува дека ВМРО ДПМНЕ не бира средства за оцрнување и води валкана кампања! “ - стои во демантот на СДСМ

Останува нејасно, доколку не се случила тепачка во штабот на СДСМ од каде партијата знае дека станува збор за кандидат за пратеник од Кочани, имајќи предвид дека оваа информација Press24 не ја објави.

„Советник во општина Кочани му удрил шлаканица на пратеник на опозициската СДСМ. Како што дознава Press24 вчера во месниот штаб на СДСМ во кочанско Грдовци се случил инцидент во кој најдебелиот крај го извлекол кандидат за пратеник на СДСМ. Според нашите информации, советник во општина Кочани на најголемата опозициска партија незадоволен од составот на пратеничките листи влегол во жестока кавга со еден кандидат за пратеник кој го бранел изборот на Заев. Во еден момент кавгата ексалирала по што советникот му удрил шлаканица на кандидатот за пратеник. Во тој момент се вмешале останатите присутни членови на месниот огранок на партијата и спречиле тепачката да ексалира.“ - стои во текстот објавен на Press24

28.03.2014 - 21:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега