Страотно: Хрват го запалил татка си, петгодишниот син и двајца полицајци па се самозапалил
Трагедија ја потресе јавноста во Хрватска откако 29-годишен Хрват од Беловар запалил двајца полицајци, татка си, своето дете, а потоа и се самозапалил.
Причината за Хрватот да го направи овој грозоморен чин била семејна расправија меѓу него и сопругата.
Заради кавгата, во домот на семејството биле испратени двајца полицајци, но кога стигнале на местото на настанот човекот веќе се полил со бензин себе, својот 69-годишен татко и петгодишното дете и ги запалил со цигара.
Четворицата мажи се тешко повредени, а за среќа детето поминало со полесни повреди.