ВИДЕО: Хендикепирано куче го трогна светот со својата упорност
Тажната судбина на овој боксер го трогна светот на кој поради генетска малформација задните нозе морале да му бидат ампутирани, па ова куче се движи само со предните две нозе. Но, храброто кученце не само што научи да оди, туку сега трча побрзо од кога и да било.
Аманда Гис koja воедно е негова спасителка се огласи на социјалните мрежи. Еве што таа напиша:
"За сите што ме нарекоа мачител на животни кога му дозволив да му се отстранат нозете за да му дадам шанса, за тие што ми праќаа мејлови со омраза и се сомневаа во ова „момче“, сугестирајќи дека треба да го убиеме – погрешивте. Фала му на бога што ова куче се најде во нашиот дом“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа