Грците од САД повторно нервозни околу Македонија

 Грчката Пан-македонска асоцијација од САД испрати протестно писмо до Американскиот археолошки институт во врска со предавањето „Најзначајните откритија на македонската археологија“ кое се одржа на 29 април во Њујорк.

Во елитниот изложбен простор Скандинавска куќа во Њујорк се одржа промоција на македонските археолошки богатства, културата и туристичките можности.

За македонското богатство од минатите векови зборуваа министерката за култура Елизабета Канческа Милевска, директорот на Агенцијата за туризмот Јордан Трајков и професор Драги Митревски.

Асоцијацијата на Грците во САД реагира што магазинот на Американскиот археолошки институт „Археологија“ во извештајот за настанот нашата земја ја пишува како Република Македонија, а потоа обвинува дека присуството на министерката за култура го „исполитизирало настанот“.

Грците, во своите обвинувања одат уште подалеку и пишуваат дека „да, на предавањето се зборувало за археолошко богатсво, но прашањето е за чие археолошко богаство?“

Грчките медиуми денеска го пренесуваат протестот на Пан-македонската асоцијација во кој грците во Америка заклучуваат дека „такво научнообразовно тело како што е Американскиот археолошки институт треба да се спротивстави на лажни приказни и да не се инволвира во политичка пропаганда, особено кога се промовира со цел да се узурпира македонската историја на Грција“.

ФОТО: Макфакс

најчитано сега