Ново олеснување за граѓаните кои изгубиле лични документи

Во сите градови во Македонија утре почнува едношалтерскиот систем за објава на изгубен личен документ и отпочнување постапка за вадење нов од едно место, само на шалтерите во управните служби на МВР, со што ќе им се олесни постапката на граѓаните која до сега беше комплицирана, особено за жителите од другите градови на Македонија.

Со ова, граѓаните ќе можат да извршат и уплата и објава за неважечки документ за лична карта, пасош, возачка дозвола и сообраќајна дозвола  на шалтерите на МВР  и веднаш да ја отпочнат постапката за вадење на нов документ.

Со новиот протокол кој ќе започне да се применува од први април, на шалтерите  на управните служби во МВР, граѓанинот ќе може за еден ден да изврши објава на неважечкиот документ и да ја отпочне постапкта за нов документ.

Во Македонија, според досегашната статистика, 30.000 граѓани во просек годишно ги губат своите лични документи.

31.03.2014 - 13:14
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега