Штипјани утре цел ден без вода за пиење

Штипското комунално претпријатие „Исар“ утре ќе изврши  тестирање на Филтер станица, која има нова опрема за прифаќање на површинските води од Хидроистемот „Злетовица“, поради што штипјани ќе бидат без вода за пиење. 

Од седум часот жителите на градот Штип и на околните приградски населби ќе немаат вода за пиење, а прекинот ќе трае цел ден.

- На филтер станицата ќе се изведува делот на наречената разделна шахта, пред влезот на површинската и подземната вода. Работите ќе се одвиваат во две фази. Ние овојпат планираме да се изведе само првата, неопходна фаза за понатаму да продолжиме пред целосно сопирање и исклучување на градот од системот за водоснабдување. Исто така ова сопирање ќе го искористиме и за вклучување на новата линија која ја изведувавме кај детската градинка „Астибо“, вели раководителот на работната единица„ Водоснабување“ при ЈП „Исар“, Лидија Коцева

 

31.03.2014 - 13:28
Фото: 
Хитпортал

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега