Фото: Потрошила 25.000 долари за да изгледа како Џенифер Лоренс
30- годишната Кити после породувањето ја изгубила довербата во својот изглед па посакала да има нов изглед идентичен на актерката Џенифер Лоренс.
Кити направила шест пластични операции поради опсесијата со познатата актерка од вградување на масти во задникот и образите, операција на носот, градите до липосукција и дотерување на телото и потрошила 25 илјади долари само за да изгледа како близначка на Џенифер Лоренс.
„Џенифер е забавна и смешна, таа изгледа многу привлечно “, изјавила Кити во телевизиско интервју за “АБЦ”.
Кити е многу среќен со резултатите од операцијата. Додека целиот свет изгледа како копија на познатите оскаровци, нејзиниот сопруг Ерик вели дека не е маѓепсан од ликот на Џенифер Лоренс, како неговата сопруга.
Таа е горда на нејзиниот избор, бидејќи како што вели не ја избрала Памела Андерсон, туку актерка која освоила Оскар.
Во Америка е застапен трендот да жените доаѓаат со слики од познати личности и сакаат да изгледаат како нив. Д-р Рос кој ја оперирал Кити вели дека неговата пациенти обично сакаат усни на Анџелина Џоли, гради на Скарлет Јохансон и Меган Фокс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа