Толку од сонцето - еве какво ќе биде времето деновиве

Времето во текот на денешниот ден ќе биде со мала до умерена локална облачност, а ќе дува и умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од нула до седум, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 22 степена.

Утре попладне ќе има услови за нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а поизразен влажен бран се очекува за време на викендот.

01.04.2014 - 09:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега