Беким Ќоку и Наџи Џелили се нови пратеници во македонското Собрание

Беким Ќоку од Демократската партија на Албанците и Наџи Џелили од Националната Демократска Преродба ќе бидат новите пратениците во Собранието.

На новите пратеници на следната седница во Собранието ќе им биде верификуван мандатот.

Инаку, Беким Ќоку во Парламентот доаѓа на местото на Зијадин Села, кој стана градоначалник на Струга, додека претходник на Наџи Џелили беше пратеникот Изет Зеќири, кој беше кандидат на НДП за градоначалник на Тетово. 

најчитано сега