Уште едно училиште мета на крадци - направена штета од 5.000 евра
Основното училиште „Фан Ноли“ во тетовско Озормиште било ограбено ноќта помеѓу понеделникот и вторникот од засега непознати сторители.
Од училиштето крадците кои влегле откако насилно ја отвориле влезната врата, како и вратата од наставничката канцеларија, украле 23 преносни компјутери со полначи и 25 „мауси“ кои биле ставениво метален плакар. Потоа, незабележани од никого го напуштиле местото на настанот.
Штетата се проценува на околу 5.000 евра.
02.04.2014 - 13:48
Фото:
Дневник
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа