Писмото кое Ленон му го испрати на продуцентот, продадено за 53.000 фунти

 

Писмото кое пејачот и гитаристот на Битлси Џон Ленон му го испратил на продуцентот Фил Спектор во средината на 70-тите, продадено е за 53.000 фунти на онлајн аукцијата.

Цената на писмото, симболично насловено „A Matter of Pee“, достигна седум пати повеќе од проценетата предаукциска цена од 7.000 фунти, пишува списанието „Анкат“.

Ленон со црвено мастило го напишал писмото во непознато студио во Њујорк, во текот на 18-месечниот период (од 1973 до 1975) познат под името Lost Weekend, кога поранешиот Битлс се раздели од својата жена Јоко Оно.

Во тоа време тој работел со Спектор во Капитал студиото заедно со тапанарот на The Who, Кеит Мун и пејачот и текстописецот Хари Нилсон. Од писмото се дознава дека Мун и Нилсон правеле глупости во студиото, што предизвикало незадоволство кај Ленон, особено поради фактот што од издавачката куќа се заканиле дека сите тројца ќе ги исфрлат од студиото.

Ленон, во писмото ги обинува Мун и Нилсон дека уринирале по конзолата и најавува негово брзо заминување од издавачката куќа.  „Ако не сте знаеле, Хари и Кеит уринираа по конзолата“,  стои во писмото на Ленон.

Тој писмото му го дал на гитаристот Ед Дејвис, кој свиреше на албумот на Ленон од 1974 година Walls And Bridges  и кој писмото го продал. Писмото на аукција го стави специјализираната лондонска куќа Cooper Owen, а продадено е на приватен колекционер.

Аукционерката Луис Копер истакна дека се работи за редок и вреден предмет, дотолку повеќе што во него се спомнуваат толку познати лица од тој период.

 

 

02.04.2014 - 18:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега