По цели девет години конечно заврши серијата “How I met your mother”
По цели девет години, пред два дена беше прикажана последната епизода на популарната серија “How I met your mother”. Во последната сезона на сагата на Тед кој на своите деца им го раскажува својот љубовен живот, фановите конечно дознаа која е прочуената “мајка”.
Мајката на децата на Тед е всушност почината. Трејси по складниот брак и хармоничниот живот со Тед, починала од изненадна болест.
Заводникот Барни по разводот, повторно се врати на додворувањето, само за да направи дете со некоја од нив. По породувањето, тој ќе се вљуби во неа, а потоа гордо ќе позира со нивното бебе.
Маршал и Лили и понатаму се во брак, а Маршал конечно добива работа која одсекогаш ја сонувал. Добија уште едно дете и конечно се преселија во нов стан.
Протагонистите на серијата со солзи се опростија од публиката. Во текот на нејзиното емитување можеа да се видат познати ѕвезни како Бритни Спирс, Џенифер Лопези Кејти Холмс.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа