Беквалац на местото на Емина во Икс- Фактор?

 

Организаторите на музичкото талент шоу Икс Фактор веќе преговараат со пејачката која ќе се најде меѓу жирито во втората сезона од Икс Фактор.

Интересно е дека атрактивната пејачка од Нови Сад, уште во првата сезона на регионалниот Икс Фактор требало да биде меѓу судиите, но организаторите на крајот се одлучија за Емина.

Музичкиот продуцент на шоуто Мирко Вукомановиќ вели дека не е исклучена можноста Наташа да с енајде меѓу судиите на популарното шоу.Foto: Facebook

"Во моментов сме премногу зафатени околу првата сезона и договорите околу натпреварувањето. Во наредните месец дена ќе ве известиме за се она што е поврзано со втората сезона од шоуто.

“Што се однесува на Наташа Беквалац и нејзиниот ангажман се е можно. Таа е наша драга колешка и веќе се појави како гостинка во првата сезона” вели Мирко.

И самата пејачка за српски Блиц открива дека навистина добила таква понуда. "Разговаравме и добив предлог за да бидам судија во шоуто но се уште ништо не е прецизирано. Секако дека би сакала да бидам дел од едно такво популарно шоу”вели Наташа.

 

 

03.04.2014 - 09:49

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега