Харис Чато доживеа сообраќајна несреќа

 

Тринаесетгодишниот Харис Чато, доживеа сообраќајна несреќа.

Несреќата се случила кога во моменти на невнимание на него „налетал“ автомобил, но за среќа Чато не е тешко повреден.

- Тоа се случи на мојата улица во Сараево. За моја среќа, улицата не е фреквентна, а и човекот возеше бавно. Јас не видов дека автомобилот ми се приближува, бидејќи слушав музика на слушалки врзани за мојот телефон. Паднав, ја повредив раката и имам модринки на нозете, изјави Чато за српски Блиц.

Откако го удрил автомобилот тој отишол на лекарски преглед, а таму го советувале да става облоги и да одмора.

- Сега сум добар и по три дена одмор тргнав на училиште, изјави најмладиот пулен на Емина Јаховиќ.

03.04.2014 - 10:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега