И Орландо Блум доби ѕвезда на Булеварот на славните
Заводникот Орландо Блум конечно доби своја ѕвезда на Булеварот на славните. Благодарејќи на улогите како оние na Вил Tарнер во „Пирати од Карибите“ и Леголас во приказната Толкен во „Господар на прстените“, се наоѓа на 22 место на списокот на најуспешни актери во сите времиња.
На церемонијата на откривањето на 2.521. ѕвезда, актерот дојде во придружба на тригодишниот син Флин.
- За некој кој пораснал во Лондон, Холивуд изгледа како митско место, рече Орландо.
Неговата кариера ја спореди со летот на Месечината, затоа што неговите две најважни улоги во филмовите „Господар на прстените“ и „Пирати од Карибите“ го вивнале во небото, пишува „Дејли Мејл“.
- Живеам нормален живот и тоа ми се допаѓа. Сетоа тоа малку се измени по раѓањето на мојот син, затоа што сега сакам да бидам во неговиот живот што е повеќе можно, рече тој.
На церемонијата освен негови угледни колеги, дојдоа и родителите Соња и Колин, но недостасуваше неговата поранешна жена Миранда Кер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа