Расте бројот на вработени во „Кромберг и Шуберт“ во Жабени

 

Се зголемува бројот на вработени во битолската фабрика „Кромберг и Шуберт“ во индустриската зона Жабени. За ова денеска информираше градоначалникот на Битола, Владимир Талевски.

- На отворените средби со граѓаните, дел од проблемите ги решаваме веднаш, а барањата кои не се од наша надлежност ги пренасочуваме до соодветните институции. Овие средби ни помагаат да ја перципираме целокупната проблематика на нашите сограѓани, а невработеноста и понатаму е најчеста тема. Во битолската „Кромберг и Шуберт“ зголемен е бројот на вработени и сега има над 1.200 лица од исто толку семејства од нашиот град кои работаат и имаат редовни приходи, со што во голема мера успеавме да помогнеме за оваа тема, вели битолскиот градоначалник.

Како што информира Талевски, битолчани на Отворениот ден во општината освен за нови вработувања, интерес покажале за урбанистичките планови, комуналната инфраструктура и линискиот превоз во градот.

 

03.04.2014 - 15:41
Фото: 
емагазин

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега