Исплатена мартовската пензија

 

Министерството за финансии денеска ја исплати мартовската пензија. На сметките на 285.637 пензионери префрлени се 3 милијарди 566 милиони денари. 

Минатиот месец пензиите беа покачени за 600 денари. Со тоа просечната пензија е зголемена за 62 проценти во однос на 2006 година и сега изнесува 12.450 денари.

-Исплатата на пензиите се одвива и ќе продолжи да се одвива редовно првата недела во месецот. Поддршката на животниот стандард на пензионерите и социјалните категории останува приоритет на оваа Влада, велат од Министерството за финансии.

04.04.2014 - 12:23
Фото: 
новамакедонија

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега