За Ева Мендез фармерките се кошмар

 

Иако за голем дел од девојките фармерките се еден од најудобните парчиња гардероба, за холивудската ѕвезда Ева Мендез тие се кошмар.

40- годишната убавица во најновото интервју за магазинот „Flare“ убавата актерка зборувала за својот женствен стил кој неодамна го преточила во модна линја, и вели дека има различно поимање за удобноста од другите луѓе.

- Секогаш сум во фустани и здолништа, тоа е најлесно. Луѓето секогаш велат дека сакаат фармерки и дека се удобни и практични но јас не се сложувам со нив. Фармерките се мојата најголема ноќна мора - изјавила убавата бринета.

04.04.2014 - 14:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега