Мажи еве кои девојки се тешки за одржување
Овие неколку совети ќе ви помогнат да откриете дали девојката која ви се допаѓа е тешка за освојување, не разговараме спонзоруши туку за оние девојки кои се финансиски “тешки за одржување”.
Набљудувајте ја вашата девојка, обрнете внимание на тоа колку време во денот троши гледајќи се во огледало. Дали додека сте во колата, поголемиот дел од времето го користи за да ја провери шминката во ретровизирот? Ова е еден од индикаторите дека си закачил “high-maintenance” девојка, односно девојка која е “скапа за одржување”.
Еве уште неколку други ситуации кои укажуваат на тоа:
Се шминка штом стане од спиење
Поголемиот дел од жените наутро прават кафе, подготвуваат појадок и во тоа уживаат. Дури после тоа започнува да се шминкаат и да ги прават останатите работи.
Но, ако покрај себе забележиш дотерана девојка секој пат штом се разбудиш, веројатно имаш девојка која не дозволува никој да ја види без шминка, па дури ни ти. Уште пострашно е логичкото прашање кое следи: “На што личи без шминка?”
Потполно нервозна поради потењето
Си заприметил дека се тушира по три пати дневно и ти негодува бидејќи ти не го правиш тоа?
Направи мал тест. Натерај ја на некој спорт на топол ден, тенис на пример. Ако забележиш дека воопшто не се движи и дека топката ја удира како двегодишно девојче, тогаш можеби е мрзелива, но поверојатно е тоа дека се ужаснува од потта, дури и од својата.
Не јаде ова, не јаде она, не јаде ништо
Нема маж кој не сретнал ваква девојка. Ништо што ќе ѝ предложиш не ѝ одговара. Хамбургери, пици, хот-дог? Нема шанси. Било да е во прашање здрава или нездрава храна, ништо не ѝ одговара. Епа душо кавијар нема!
Секогаш очекува скапи подароци
Ја трошиш платата од два месеци за да ѝ купиш поклон за роденденот кој мислиш дека е кул. Кога ќе дојде моментот, воодушевено ѝ го даваш, а тогаш те среќава намуртената фаца.
Што е проблемот? Не си потрошил доволно.
Или можеби си потрошил, но поклонот воопшто не изгледа така. Таа сака во секоја прилика да ѝ подаруваш дијаманти и злато. Заеби. За тие пари можеш да купиш пет девојки од кои барем три ќе бидат поубави од оваа “тешката”…
Извор: Тhe Men
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа