Селфи фотките се ментален проблем!

 

Добро ни е познат трендот "selfie" односно самослик. Ова лудило продолжува, на социјалните мрежи постојано се објавуваат безброј фотографии, меѓутоа најновите информации од американските психолози веројатно значително ќе ги променат нештата.

Американската асоцијација на психолози "APA" и официјално потврди дека создавањето на "selfie" фотографиите е знак за ментален проблем!

Во рамките на годишната средба на психолози во Чикаго, експертите ова нарушување го нарекоа "selfitis" и истото е дефинирано како опсесивно компулсивна желба за создавање на фотографии од самите себе си и нивно објавување на социјалните мрежи, се со цел да се зголеми самодовербата и да се пополни празнината во интимностa.

Американската асоцијација на психолози одреди и три нивоа на ова нарушување:

- Почетен "selfitis": создавање на "selfie" фотографии најмалку три пати во текот на денот, меѓутоа истите не се објавуваат на социјалните мрежи

- Акутен "selfitis": создавање на "selfie" фотографии најмалку три пати во текот на денот и објавување на сите слики на социјалните мрежи

- Хроничен "selfitis": Неконтролирана потреба од создавање на "selfie" фотографии и нивно постојано објавување на социјалните мрежи, повеќе од шест пати на ден.

Според "APA", засега се уште не постои лек за болеста, меѓутоа како привремена терапија за ова психичко нарушување се препорачува Когнитивната бихевиористичка терапија "CBT".

05.04.2014 - 11:40

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега