ВИДЕО: Не сакала да си ја исчисти собата, па татко и и одржал лекција

 

Еден татко од Џорџија нашол ефикасен начин како да ја натера ќерка си да го исчисти нередот од нејзината соба.

Имено на таткото му дошло преку па одлучил сите нејзини работи да ги пресели пред куќата.

Откако неговата ќерка не сакала да го послуша и да си ја среди својата соба, Крег Шилхемер во понеделникот решил сите работи од собата на неговата ќерка ги пресели на влезот од гаражата додека таа била на училиште.

Покрај тоа, направил и знак на кој пишувало:

"Хејли, собата ти е преселена на влезот. Следниот пат исчисти ја".

Шилхемер инаку е војник, па така Хејли тоа сакала да го искористи и да докаже дека нејзината соба не била растурена, туку дека нејзиниот татко се однесувал како да е во војска. 

Крег при тоа вели дека е многу горд на неговата ќерка, бидејќи таа е одличен ученик и дека немал намера да ја посрамоти.

05.04.2014 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега