Ема Стоун: Морбидна сум и чудна, постојано мислам на смрт

 

25-годишната актерка Ема Стоун за себе вели дека е малку чудна и морбидна и дека постојано мисли на смрт.

- Пораснав на градските гробишта. Тоа беше моето омилено место за играње Ема Стоун.

Ѕвездата од филмовите „Чудесниот Човек-Пајак“ и „Гангстерски одред“ израснала во Скотсдејл, земјоделски град во Ариозна, што поради 50-тината гробишта го носи прекарота „гнило сено“.

- Отсекогаш бев чудна и морбидна. Другите деца се плашеа од мене бидејќи сакав да одам во музеј и да гледам фетуси од животни чувани во стаклени садови, вели актерката.

Таа додадава дека и сега постојано мисли на смртта, но не се плаши, бидејќи нејзините родители ја научиле да верува во живот на душата и по смртта.

05.04.2014 - 12:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега