Летале тегли и глинени тули - вака се тепаат жени во Берово
Расправија меѓу две беровчанки заврши со крвопролевање.
Според информациите од МВР, расправијата меѓу беровчанките настанала вчера на улицата „Јуриј Гагарин“ во Берово, на терасата од спратот на семејната куќа. 62 годишната Н.Д. и 59 годишната П.Д. се скарале и во еден момент, П.Д. се збеснала и замавнала по Н.Д. со стаклена тегла, а потоа и со гленена тула.
Н.Д. заработила тешка повреда на главата. Полицијата најавува соодветна пријава за П.Д.
06.04.2014 - 13:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа