Штип: Се начукал и тепал се пред себе - па дури и полицајци

 

Пијан штипјанец вчера направил хаос во аптека сместена на улицата „Сутјеска“ во Штип.

Според МВР, 51 годишниот Б.П. се поднапил и влегол во аптеката, каде започнал расправија со 42 годишниот Т.Л., а во еден момент извадил и нож на расклопување и му се заканил дека ќе го нападне. Полицијата пристигнала да интервенира, но, кога полицајците се обиделе да го приведат, Б.П. ги нападнал и нив. Еден од полицајците заработил тупаница.

Над Б.П. било извршено алкотестирање и утврдено било дека има 1,72 промили алкохол во крвта. По целосно расчистување на случајот против штипјанецот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

06.04.2014 - 13:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега