Зад воланот на Аудито бил тинејџер - нови детали за трагедијата на „Партизанска“ во Скопје
19 годишно момче и 20 годишна девојка се во тешка здравствена состојба, а друга девојка поминала со полесни повреди во стравичната несреќа која ноќеска се случи на булеварот „Партизанска“ во скопски Карпош, пишува Република.
Според најновите информации од полицијата, несреќата се случила кога 19 годишно момче со своето „Ауди ТТ“ удрило во автомобил „Фолксваген“ а потоа излетало од улицата, се забило во група луѓе која стоела на автобуската станица и завршило во трафика.
Тешки повреди заработиле 19 годишно момче и 20 годишно девојче. Нивната другарка имала повеќе среќа и таа е во стабилна состојба. Тројцата повредени биле пренесени во скопскиот Ургентен, каде им била укажана лекарска помош.
Полицијата работи на расветлување на случајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа