Сакал да извади 6.000 денари - банкоматот му пуштил 1,6 милиони денари
На еден бездомник му се насмеала среќата откако расипан банкомат во американската сојузна држава Мејн му исплатил 37 илјади долари (1,6 милиони денари), иако тој всушност барал само 140 долари(6000 денари).
Полицијата во Саут Портланд соопштила дека добила дојава од жена којашто рекла дека непознат маж многу долго стоел пред банкомат. Полициските службеници го затекнале како ги става парите во вреќичка.
Веднаш парите биле вратени на банката, а нејзините претставници изјавиле дека немаат намера да го пријават човекот, пишуваат локалните медиуми. Иако од инцидентот минале два дена, банката сé уште не ја утврдила техничката грешка.
Полицијата, сепак ја продолжува истрагата, но засега против мажот чиј идентитет не го соопштува не е подигнато обвинение.
Како што пренесуваат локалните медиуми, бездомникот на својата сметка имал само 140 долари, но во моментот кога стасала полицијата веќе имал извршено 50 трансакции со кои ги извадил 37-те илјади долари
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа