Возел во спротивна лента па ги нападнал полицајците - пијан битолчанец направил хаос
Пијан битолчанец вчера предизвикал вистински хаос на крстосницата од улиците „Македонска фаланга“ и „Железничка“.
Според податоците од полицијата, откако полициски службеници вршејќи контрола се обиделе да го сопрат 39-годишниот битолчанец З.Т. кој мртов пијан управувал со автомобил „Опел“ со битолски регистарски ознаки, истиот откако ги забележал го сменил правецот на движење, влегол во спротивната коловозна лента, движејќи се со возилото кон полицајците, по што удрил во тротоар. Битолчанецот потоа започнал да ги омаловажува полицајците и одбил да му биде направено алкотестирање.
Против несовесниот возач ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа