Украдена метална каса полна со пари од Поштата во Арачиново

 

Во полициската станица во Гази Баба било пријавено дека засега непознати сторители извршиле тешка кражба во Пошта сопственост на Македонска пошта-СД Скопје  лоцирана во Арачиново од каде крадците одзеле метална каса во која имало 17.412 денари, еден жиг со логото на поштата, поштенски марки, коверти, уплатници со вредност од околу 33.000 денари.  

Крадците влегле во Поштата со  употреба на погоден предмет со кој ја исекле заштитната решетка на прозорецот и ги одзеле парите.

Полицјата трага по сторителите.

07.04.2014 - 12:58
Фото: 
а1.он

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега