Ги ограбувала додека чекале на шалтер - Бугарка крадела низ Скопје
Државјанка на Бугарија која дошла во Македонија си заработи кривична пријава бидејќи извршила неколку џебни кражби. Се работи за 47-годишната С.С.И. којаво два наврати додека чекала ред, ја искористила гужвата за да ограби неколку скопјани.
На 2-ри април жпријавената во претпладневните часови во Клинички центар “Мајка Тереза“ извршила две кривични дела кражба. Кривичните дела ги извршила на тој начин што го искористила невниманието на оштетените кои чекале пред шалтерите и со протнување на рака во чантите, во двата случаи одзела женски паричници во кои имало пари и лични документи на оштетените и еден мобилен телефон.
Пријавената по кражбите ги земала парите, а паричниците заедно со личните документи ги фрлила. Мобилниот телефон го задржала за себе. Со платежната картица, сопственост на една од оштетените се обидела да извади пари меѓутоа по неуспешната трансакција на банкоматот картицата ја фрлила, кога во тој момент била забележана со страна на полициски службеник била легитимирана и приведена во Полициската станица Центар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа