Битола: Лажно пријавил дека му ја ограбиле фирмата

 

50-годишниот битолчанец Ѓ.Ј. си заработи кривична пријава заради постоење на основи на сомнение дека лажнио пријавил кражба во полициска станица.

Пријавениот пред неколку денови се јавил во полициската станица во Битола каде пријавил дека во неговата фирма лоцирана на улица" Индустриска", непознат сторител ги скршил катанците од влезната врата во магацинскиот простор, влегол внатре и украл 11.300 килограми сурова технички необработена волна спакувана во вреќи во вредност од околу 300.000 денари.

Пријавениот магацинскиот простор го имал издадено под закуп на лице од Битола , кој откако дознал за овој податок со цел да се самозаштити вечерта отклучил во магацинскиот постор и си ја зел робата. Катанците воопшто не биле оштетени туку пријавениот самоволно  ги заменил и на тој начин подметнал лажни докази.

07.04.2014 - 14:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега