Со нож пред врата го чекал екс-директорот на Царина Ванчо Каргов

 

Екс вработен во Царина последниве пет дена му се заканувал на Ванчо Каргов, кој до скоро беше директор на Царинската управа на Македонија,  јавува Канал 5.

Лицето пред неколку години било отпуштено од Царина, но последните денови буквално го тероризирал Каргов и неговото семејство и соседи, тропајќи на вратата од неговиот дом, викајќи, и заканувајќи се, а со себе тој носел и нож.

Откако случајот е пријавен во полиција, осомничениот екс цариник е приведен и против него е покренато обвинение, по што откако во суд го признал делото, е осуден на условна  казна од две години, што значи дека иако е сега на слобода, доколку не нарави кривично дело во наредните 5 години, нема да му се активира досудената двегодишната затворска казна.

07.04.2014 - 23:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега