ФОТО: Се соблече Бијонсе

 

Пејачката во стилот на Мерлин Монро се најде на насловната страна на магазинот  "Out" каде во интервју за овој магазин ги повика жените слободно да ја изразат својата сексуалност.

Поседувате неверојатна моќ кога знаете  дека  сте сопственик на вашата сексуалност и со неа можете да направите што сакате, изјави поп-дивата за списанието.  Таа ја шокираше музичката индустрија со нејзиниот петти албум по кој отворено открива  детали од нејзиниот приватен живот.  Таа откри дека снимањето на албумот било многу тешко, бидејќи во поголем дел од снимањето таа била болна.

"Кога го снимав албумот за "XO" бев многу болна и имав тешко воспаление на синусите вели Бијонсе.

" Постојат двојни стандарди кога станува збор за сексуалноста. Мажите се слободни да прават она што тие сакаат, а жените не се. Ова не е нормално. Може да бидете бизнис жена, мајка, уметник, феминистка, или што и да посакате но и понатаму сте  сексуално суштество”рече убавата Бијонсе.

09.04.2014 - 10:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега