Медсен: Да не се форсира Македонија да го промени името!

Ниту една земја не треба да биде форсирана на промена на името, вели американскиот аналитичар и публицист Вејн Медсен во интервју за програмата „Гласот на народот“. 

- Ако Македонија го прекине договорот со Грција,  ќе има само „врева“ од Грција, особено од  фашистичката партија Златна зора. Грција има свои проблеми со евро-банкарите во врска со нејзините побарувања, па во овој момент  името на Македонија се чини неважно за владата во Атина. Некои земји, како Унгарија и Србија ќе гледаат на тој потег на Македонија, како дел од општиот тренд на народите во Источна Европа за нагласување на нивните национални идентитети од  време на време, па ова е нешто што многумина го оценуваат  како процес на слабеење или целосен колапс на ЕУ, одговара Медсен.

Тој смета дека нема потреба да се блокира проектот „Јужен поток“ и вели оти е добро што Македонија се приклучила.

- Премиерот Никола Груевски е доста европски и НАТО ориентиран политичар. Но, од друга страна е добро што одлучи да ја приклучи Македонија на овој проект, а во добра насока е и финансискиот договор со Кина. Со ова се демонстрира подготвеност да го направи она што е најдобро за Македонија и не она што е диктирано од додворувачите како Европската Унија и други меѓународните организации, изјави Медсен.

Во интервјуто за програмата „Гласот на народот“ тој вели и дека загинувањето на претсдателот Борис Трајковски најверојатно не е несреќен случај туку атентат.

- Воздушните атентати се метод за убиство на политички лидери. Поновата историја е полна со такви инциденти официјално наречени несреќи, но веројатно се атентати, тврди Вејн за Гласот на народот.

Како публицист и новинар оценува дека сега ситуацијата со новинарството се сменила.

- Реалното и независно новинарство страда од корпоризација и централизација во медиумите. Новинарите се принудени да работат на агенди, а не да прават истражувачко новинарство, вели Медсен и во овој контекст додадава дека на меѓународно ниво Џорџ Сорос е еден од клучните фигури за политичко и економско нарушување на светот.

 

10.04.2014 - 09:30
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега