Се намалува бројот на грипосани во Македонија

 

Во текот на 14. недела годинава во Македонија се пријавени 297 новозаболени од грип што е помалку за 56,1 отсто од претходната седмица, а за 62,5 проценти во споредба со истиот период во 2013 година.

Како што соопштува институтот за јавно здравје, вкупниот број на заболени од грип во сезоната 2013-2014 изнесува 28.525 и е поголем за 18 проценти во однос на претходната сезона. Најмногу заболени се регистрирани во Скопје 4.053 и во Прилеп 3.930. Според возраста, најмногу болни (65,1 процент) се во групата меѓу 15 и 64 години.

Во текот на 14. недела не е евидентиран смртен случај поврзан со инфекција со вирусот на грип. Вкупниот број на починати лица во оваа сезона останува 12.

 

10.04.2014 - 09:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега