Македонија ќе добие банка за донирано мајчино млеко

Македонија ќе добие прва банка за донирано мајчино млеко. Како што пишува весникот Вечер, банката ќе биде отворена на почетокот на наредната година, а ќе се наоѓа на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. 

Како што велат од Министерството за здравство, мајчиното млеко е од непроценлива важност за новородените, а особено за болните и за предвреме родените бебиња, па затоа со отварањето на оваа банка сметаат дека ќе го спасат животот на многу бебиња.

За оваа цел од Министерството ќе се издвојат 5 милиони денари.

И педијатрите се согласуваат со оваа идеја и сметаат дека тоа ќе биде достапно за сите деца на кои тоа им е потребно, бидејќи тоа е најздрав и најприроден начин на исхрана во првите месеци од животот, пишува Вечер.

10.04.2014 - 10:12
Фото: 
Плусинфо

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега