Го оставил и без возило и без пари - скопјанец надитрил сограѓанин

 

Скопјанец си заработи кривична пријава за измама. Се работи за 44-годишниот Ж.М. кој лажно се претставил дека е сопственик на возило марка „Шкода Октавија“, и така прелажал управител на Друштво за производство, трговија и услуги „ИНТРАКОМ“ ДООЕЛ-Скопје, во својство на закупопримач со пријавениот во својство на закуподавач да склучат „Договор за закуп на возило“, за месечна закупнина од 19.530 денари во времетраење од две години.

Пријавениот го навел оштетениот да му исплати закупнина за целиот период во износ од 468.720 денари на трансакциска сметка на неговиот брат. По изминување на првата година од закупот, Ж.М. со изговор дека возилото треба да го однесе на редовен сервис го земал од оштетениот и не му го вратил, а на телефонските повици од оштетениот не одговарал, со што се стекнал со 234.360 денари.

Откако сфатил дека е измамен, скопајнец го пријавил случајот во полиција..

10.04.2014 - 12:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега