Скопјанец повеќе нема да може да краде

 

СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против М.Ѓ. (22) поради сомнение дека сторил три кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“, при што се стекнал со противправна имотна корист од околу 95.000 денари.

МВР соопшти дека во претходна постапка му била одредена мерка притвор во траење од осум дена.

Според МВР, пријавениот со намера да прибави противправна имотна корист кривичните дела ги извршил на подрачјата на Полициските станици - Карпош, Кисела Вода и Центар, и тоа две на почетокот на месецов (во временски период од два дена) и едно во минатиот месец. Кривичните дела ги извршувал на идентичен начин, насилно со употреба на физичка сила при што одземал во два случаи златни лачниња, а во еден случај чанта.

- Првото кривично дело го извршил на 21 минатиот месец околу 18:20 часот, на булевар „Франклин Рузвелт“ пред зграда бр. 46, откако и се доближил на оштетената Р.Ч. од зад грб, насилно со употреба на сила со влечење од левата рака на оштетената и ја одземал торбата (во која имало: една маица, еден фустан, паричник во кој имало 300 евра, 8.000 денари, три дебитни картици од Комерцијална банка и една неважечка картичка од Стопанска банка, трансакциска картичка од Комерцијална банка и лична карта на име на оштетената) со што се стекнал со противправна имотна корист од околу 30.000 денари, по што избегал во правец на булевар „Партизански одреди“, информира МВР.

Второто кривично дело, како што е наведено, го извршил на први овој месец околу 19:30 часот, на улица „Виктор Иго“ во близина на стара „Рампа“ во Кисела Вода пред продавница „Да-ми“. Делото го извршил откако оштетената Н.К. му се доближила пред продавницата пријавениот зборувајќи на мобилен телефон, во еден момент ја прашал нешто за да и сврти внимание, по што откако му одговорила, пријавениот насилно со употреба на физичка сила со влечење со рака од вратот и го одзел златното ланче со привезок по што избегал кон улица „Невена Георгиева“. Со стореното кривично дело пријавениот се стекнал  со против правна имотна корист од околу 20.000 денари. 

Два дена подоцна, односно на 3 април околу 17:45 часот, на булевар „Метрополит Теодосиј Гологанов“ во близина на детската градинка „13 Ноември“, откако и се доближил на оштетената И.Н., пријавениот учтиво и се обратил односно ја прашал нешто оштетената, а  во тој момент друго непознато машко лице (кое било заедно со пријвениот) насилно со употреба на физичка сила со влечење со рака од вратот и одземал две златни ланчиња на кои имало два привезока по што избегале во правец на АМСМ, со што се стекнале со противправна имотна корист од околу  45.000 денари.

На 4-ти овој месец, МВР информира дека во службените простории на Полициската станица за општа надлежност - Бит Пазар, пријавениот М.Ѓ. е повикан и со него е извршен разговор. Истиот ден, по консултација со дежурен Јавен обвинител, пријавениот е задржан во ПСОН „Бит Пазар“ и во негово присуство од страна на оштетените извршено е класично непосредно препознавање, каде оштетенатите со сигурност го препознале М.Ѓ. како сторител на кривичните дела.

За извршеното препознавање од страна на Единицата за увид на местото на настанот изготвен е видео запис за ште е изготвено ЦД со снимен видео материјал.

Според евиденциите на МВР, М.Ѓ. евидентира како познат сторител на кривични дела од имотни деликти и против него се поднесени три кривични пријави и во еден случај изречена му е мерка „засилен надзор од родител или посвоител“. 

10.04.2014 - 13:21

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега