Автомобилски карамбол во Скопје: Петмина повредени искршени осум возила
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 13 сообраќајни незгоди.
Од нив, осум се со последица материјална штета и пет се со последица телесна повреда во кои со телесни повреди се здобиле двајца возачи на моторни возила и тројца пешаци.
Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се тројца возачи кои ги управувале своите возила под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, четворица возачи кои ги управувале своите возила без возачка дозвола и тројца возачи кои не го носеле заштитниот шлем за време на управување со велосипедите со помошен мотор, мопеди и мотоцикли.
Вчера се реализира сообраќајна поуката на тема „Вози мотор, но биди безбеден“ на која присуствуваа граѓани кои сториле прекршоци како возачи на велосипед со помошен мотор, мопед, мотоцикл.
Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во ОУ „Алија Авдовиќ“ кое се наоѓа во населеното место Батинци со учениците од второ и четврто одделение и во средното училиште „Браќа Миладиновци“ кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода со учениците од втора и трета година.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа