Ја скршил рампата на граничниот премин Табановце - го бркале до Куманово
Нервозен возач ја скршил рампата на граничниот премин Табановце. Како што информира полицијата, вчера тој заедно со својата сопруга дошол на граничниот премин управувајќ автомобил Опел Вектра со германски регистерски таблички. Цариниците не го пропуштилебидејќи имал поголема количина техничка стока која подлежи на царина. Тогаш 41 годишниот возач забрзал со автомобилот и ја поминал границата. Мобилната единица на царинската служба веднаш се пуштила во потера. Го запреле на наплатната рампа кај Романовце и повторно го вратиле на граничниот премин. По раслистувањето на случајот изречени им се соодветни казни
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа