Хорор: Скопјанка загина двајца се борат за живот - трагедија на патот Кичево - Гостивар
Страотна несреќа се случила денеска на магистралниот пат Кичево - Гостивар, на местото викано Сатеска, атар на селото Зајас.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила кога автомобил „Рено Лагуна“ со скопски регистарски таблички, управувано од 59 годишниот В.П. излетал од патот и се превртел.
На лице место загинала 80 годишната скопјанка Младица С., додека со тешки повреди се здобил возачот и третата сопатничка, 53 годишната В.К. од Скопје.
12.04.2014 - 12:37
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа