Поради несовесни граѓани возот Велес-Драчево удри во камења
Во текот на вчерашниот ден на пругата помеѓу железничката станица Јане Сандански и железничката станица Драчево, товарниот воз кој сообраќа на релацијата Велес-Драчево удрил во камења кои засега непознати сторители ги оставиле на самата пруга.
Оштетување на возот немало и истиот го продолжил движењето до крајната дестинација.
Полицијата презема мерки за откривање на лицата кои ги оставиле камењата на пругата.
13.04.2014 - 13:08
Фото:
Влада
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа