Од вторник нов температурен шок

Уште утре се очекува времето да биде сончево и потопло, со блага до умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Од вторник попладне се очекува промена на временската состојба. Ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и нагло опаѓање на температурата.

Во средината на наредната недела ќе преовладува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекува врнежите да бидат од снег.

13.04.2014 - 15:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега