Мики Маус ги прави децата поглупави?

 

Според истражувањата на група канадски научници животните кои носат облека и зборуваат како луѓе се штетни за интелектуалниот развој на децата.

Децата треба да читаат реалистични книги за природата и светот истакнуваат истражувачите од Универзитетот во Торонто.

- Книгите во кои животните имаат човечки особини, како што се Мики Маус или Вини Пу, се лоши за децата бидејќи ги наведуваат да мислат дека такви се и во природата. Тоа влијае на способноста на децата да ја согледаат реалноста и да ја запознаат правата природа на животните, истакна шефицата на истражувањето, психологот Патриша Гене.

За време на истражувањето експертите го анализирале однесувањето и ги испитувале децата на возраст од две до пет години. Поголем број од децата мислеле дека животните можат да зборуваат и да пеат како и луѓето односно како нивните јунаци од сликовниците.

Гене истакнува дека родителите треба да им читаат книги кои се пореалистични со цел да им ја приближат природата на децата. 

13.04.2014 - 21:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега