Влегол во БМВ-то и удрил во толпа луѓе - детали за тепачката во Радишани
Четиричлено семејство е повредено во инцидентот кој вчера се случил во Радишани. Како што пренесува Курир, околу 22 часот дошло до тепачка во која се повредени 74-годишната Ш.З., 20-годишниот Џ.З. 23-годишниот Б.З. и 43-годишниот Ф.З. кои се пренесени во Воената болница.
Откако двете групи започнале расправија, набрзо 26-годишниот А.Д., кој бил дел од втората група, влегол во „БМВ“, по што се упатил кон толпата луѓе, удрил во нив и избегал.
Дополнително треба да биде утврдено и дали членовите од семејството повредите ги добиле за време на тепачката или по ударот од автомобилот.
14.04.2014 - 10:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа