Вонредна временска прогноза: Еве какво време не очекува од утре

Од утре попладне до петок Македонија ќе биде под влијание на влажна и постудена воздушна маса. Ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, соопшти денеска Управата за хидрометеоролошки работи.

Во јужните делови од државата утре времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Врнежите наместа ќе бидат пообилни, односно над 25 литри на метар квадратен.

Во среда ќе има позначителен пад на температурата, а на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Дневната температура во среда ќе се движи од 6 до 13 степени. Ќе дува повремено засилен ветер, претежно од северен правец.

Постепено стабилизирање на времето со пораст на дневната температура се очекува за време на викендот. 

14.04.2014 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега