Полицијата заплени огромна количина дрога во Струга - паднаа и двајца полицајци

 

Околу 300 килограми дрога запленила македонската полиција, дознава Press24 од полициски извори. Според нашите информации, дрогата е запленета во Охридското Езеро во близина на Радожда, Струга, при обид да биде прошверцувана со кајче од Албанија. Акцијата е спроведена вчера попладне. Во неа уапсени се неколку лица меѓу кои како што дознава Press24 има и двајца полицајци. Од полицијата го потврдуваат случајот но не откриваат повеќе детали. Нив ги најавуваат на денешната прес конференција.

15.04.2014 - 10:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега