Голема акција во Струга - уапсени полицајци

 

300 килогрми висококвалитетна марихуана заплени полицијата во вчерашната акција во близина на местото Ледиње. Според информациите кои ги соопшти полицијата, во акцијата пресечен е нарко канал преку кој требало да се транспортира огромна количина дрога од Албанија во Македонија. Приведени се три лица од кои двајца се полициски служеници и еден граѓанин на Кичево. Тие според полицските информации, се согласиле за 9000 евра дрогата од Албанија да ја транспортираат до Кавадарци. Во Албанија дрогата ја натовариле на кајче и преку Охридското Езеро ја внеле во Македонија. Полицијата ги привела и ќе им бидат поднесени соодветни кривични пријави. Спроед првичините информации, организатор на целата акција бил еден од полицајците. 
Вредноста на дрогата на нарко пазарот се проценува меѓу 1 и 2 милиони евра. 

15.04.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега