Холандска инвестиција во Македонија - можност за 100 нови вработувања
Новата браунфилд инвестиција на холандската компанија Р & S Tissue Culture Laboratories во Македонија со 3 милиони евра, ќе отвори најмалку 100 работни места во наредните три години.
Генералниот менаџер на Р & S Tissue Culture Laboratories Едвин Рос нагласува дека добрите бизнис услови што ги нуди македонската влада, рамните даноци и едуцираната сила, биле пресудни да донесат одлука да го прошират бизнисот во Македонија, покрај Холандија и Јужна Африка.
- Ние сме фабрика за одгледување растенија, во еколошки чиста околина, без бактерии, во лабораториски услови, пропагираме наш вид холтикултурни семиња во чиста околина. Станува збор за земјоделски сектор, но не во зелени куќи или нешто слично, туку во лаборатории. Запознаени сме за Македонија, мојот колега доаѓа од таму, одлучивме да започнеме таму затоа што инвестициската клима е добра во Македонија, но и затоа што работиме со додадена вредност, па ни требаат добро едуцирани кадри, изјави Рос во изјава за Канал 5.
Според планираното, холанѓаните на есен треба да стартуваат со работа во виничко – кочанскиот регион, а од Македонија производството ќе го извезуваат во Западна Европа.
- Ќе започнеме на крајот на мај, имаме намера да градиме, ќе го разгледаме местото, ќе ангажираме работници. Сакаме време да најдеме добра локација на која подоцна ќе може да изградиме поголем капацитет. За почеток тоа ќе биде брз старт, локација каде ќе можеме да ги запознаеме идните вработени со вештините кои треба да ги поседуваат, вели Рос.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа