Проговореа момчињата од Радишани: Албанците не нападнаа а сега глумат жртви во медиумитe

 

Албанците не нападнаа а сега глумат жртви во медиумите. Дел од момчињата кои учествуваа во инцидентот кој во неделата вечерта се случи во скопско Радишани во зијава за Press24 велат дека биле нападнати од група Албанци, демантирајќи ги информациите објавени од одредени медиуми дека започнале тепачка славејќи победа по гласањето.
„Момчето кое можете да го видитед ворот група Албанци на снимките облечено во бела тренерка поминуваше со мотор покрај куќата. Тогаш од дворот група Албанци почнале да му дофрлуваат и да го навредуваат. Ние тука живееме и се познаваме. Застанал и го паркирал моторот со намера да разговара со едно од момчињата од албанска националност. Се ќе се смирело да не излезеа нколкумина вооружени со метални шипки и дрва и без причина да почнат да го удриаат. Тој почна да бега и тогаш настана мешаница. Неговите другари Македонци седеа во трговскиот центар кој е во близина. Забележале дека има тепачка и дека е нападнат нивниот другар па дојдоа на местото на инцидентот. Потоа настана голема галама. Не знам што се случувало. Ги познавам и двете групи.  Инциденти немало. Групата од македонска националност беше сочинета од млади деца, голем дел и малолетници, додека меѓу Алабанците имаше и возарсни луѓе“ - тврди очевидец за Press24

Вели дека е револтиран од известувањето на одредени медиуми кои детелно ги распрашле Албанците но од ниту еден Македонец не земале изјава
„Никој не се јавил и не прашал која е другата страна на приказната. Видеото кое што може да се види денеска на интернет е монтирано. Не знам кој го монтирал но можам да ви кажам дека фалат доста сегменти од него. Тоа е срамота“ - вели очевидецот за Press24.

Изјавата на очевидецот ја потврдува и видеото на кое може јасно да се види дека момчињата од албанска националност ја почнуваат тепачката.

На снимката може да се забележи и едно момче како со возило влетува во толпата. Сепак, чудно е зошто снимката е монтирана токму пред возилото да влета во толпата

Медиумите финансирани од СОРОС и под директна контрола на опозицијата веќе втор ден пишуваат како група Македонци малтретирала семејство од Албанска националност и дека полицијата го прикрива инцеидентот. Тие дури и го објавија видеото кое им го доставило семејството пред чија куќа се случил инцидентот. Пишуваат дека инцидентот кој што се случил вечерта по изборите полицијата го криела бидејќи го нарушил изборниот процес.

Од МВР официјално велат дека немало нарушување на изборниот процес и дека случајот е целосно документиран.

“Во врска со пишувањето на одредени портали околу случајот во Радишани и негово поврзување со изборниот процес, МВР сака да потсети дека нема регистрирано, ниту пријавено какви било нерегуларности на избирачките места на посочената локација кои би влијаеле на гласањето.

Инволвираните во случајот се идентификувани, а пронајдено е и лицето кое го управувало возилото и во консултација со надлежниот Јавниот обвинител, против него ќе биде процесуирана пријава за сторено кривично дело „Предизвикување на општа опасност“. Кај сите останати за кои надлежниот јавен обвинител ќе утврди натамошна одговорност ќе следуваат соодветни поднесоци.

Како што веќе информиравме, на 13.04.2014 година, околу 22,30 часот, на ул. „Радишанска“ во Скопје пред куќата на Ш.З.(74) настанала расправија, а потоа и тепачка помеѓу Б.З.(20) и Б.З.(23) од една страна и од друга страна Н.Б.(23) и Б.Д.(34), во која си размениле некоку удари по телото нанесувајќи си видливи повреди, додека на Б.З. му е нанесена скршеница вопределот на раката.  По ова, од куќата излегла Ш.З. да види што се случува, по што А.Д.(1988) со патничко возило влегол во толпата, удирајќи ја при што и нанел телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

МВР во целост му стои на располагање на Јавниот обвинител за сите дејствија за кои натаму ќе смета дека е неопходно да бидат преземени во врска со случајот

 

15.04.2014 - 19:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега