Горна Република Македонија ќе го замени ФИРОМ?

Горна Република Македонија треба да биде името на земјава во наредните 7 до 8 години, додека траат преговорите за членство во Европската Унија и да ја замени референцата ФИРОМ. ПорталотНова ТВ објавува повикувајќи се на свои неименувани извори објавува делови од предлогот на медијаторот Метју Нимиц. 

„Двете страни даваат согласнот за компромисното решение. Во случајот тоа е Горна Република Македонија, предлог на кој инсистира македонската страна наспроти желбата на Грција географската одредница да се наоѓа пред Македонија, а не пред Република, односно Република Горна Македонија. За возврат, Грција добива гаранции дека името ќе биде внесено во Уставот“ - пишува Нова

Според информациите на поратлот, двете страни треба да се откажат од разговори околу идентитетските прашања, а штом се постигне договорот, веднаш да се смени референцата ФИРОМ.  

„-Грција дозволува Македонија со ова име да влезе во НАТО и да започне преговори за членство во ЕУ. За возврат, Македонија во Уставот внесува амандман во кој пишува “Од денот кога Република Македонија ќе стане членка на Европската Унија меѓународното име на земјата ќе биде Горна Република Македонија и ќе се употребува erga omnes на сите јазици, освен на официјалните јазици на земјата”.“ - стои во текстот на Нова